Повеќе од 70 компании лани успеаја да влезат во повисока категорија, односно во групата компании што имаат над 50 вработени и вкупен годишен приход или актива поголема од 10 милиони евра. Претходната година во оваа категорија беа 146 фирми, а сега се 220. Според списокот што го објави државниот преносен систем-оператор (МЕПСО) за тоа кои фирми од идната година ќе треба самостојно да набавуваат струја на слободниот пазар (со втората фаза од либерализација на пазарот на електрична енергија), а се базира на податоци од Централниот регистер на РМ, лани, иако во услови на криза, сме „произвеле“ значителен број добри компании. Меѓу нив има производни капацитети, трговски друштва, хотели, банки, осигурителни компании, па и една телевизиска куќа.
Повеќе од 70 компании лани успеаја да влезат во повисока категорија, односно во групата компании што имаат над 50 вработени и вкупен годишен приход или актива поголема од 10 милиони евра.
Претходната година во оваа категорија беа 146 фирми, а сега се 220. Според списокот што го објави државниот преносен систем-оператор (МЕПСО) за тоа кои фирми од идната година ќе треба самостојно да набавуваат струја на слободниот пазар (со втората фаза од либерализација на пазарот на електрична енергија), а се базира на податоци од Централниот регистер на РМ, лани, иако во услови на криза, сме „произвеле“ значителен број добри компании. Меѓу нив има производни капацитети, трговски друштва, хотели, банки, осигурителни компании, па и една телевизиска куќа.
Меѓутоа, и ако се видат статистичките податоци за активните деловни субјекти минатата година, може да се забележи не само дека е зголемен нивниот вкупен број за над 1.300, туку и дека според структурата, односно бројот на вработените, над 800 фирми го зголемиле бројот на вработените, што значи и обемот на своето работење.
Промени во филозофијата на работа
Пораст на приходите за 34,5 отсто во однос на 2011 година (од 521 на 700 милиони денари) и зголемување на бројот на вработените од 62 на 96 има и компанијата „Гаматроникс“, која се занимава со производство на бетон и со производи од железо. Со ова таа е влезена во категоријата компании со над 50 вработени и вкупен годишен приход или актива поголема од 10 милиони евра.
- Зголемување на активата, приходите и бројот на вработените, од една страна, се должи на фактот што го презедовме управувањето со сите бетонски бази на „Гранит“, па сега, освен онаа во Скопје, под капа на компанијата се и базите во Битола, Охрид, Неготино, Kочани, Делчево и во Гевгелија. Но, исто така и на промени во начинот на работа - вели Елизабета Kрстевска, директор на „Гаматроникс“.
Таа објаснува дека во компанијата е одлучено да се направи намалување на цените на производите, а со задржан квалитет бидејќи било решено да не се оди на голема заработка, туку на зголемување на обемот на работа, што даде резултати.
- Во градежниот сектор има доста приватни фирми и добро е што и кај нив с` повеќе се развива свеста за потребата од користење квалитетни материјали, па затоа и се одлучуваат за нашите производи. Ние имаме наша лабораторија и производите се испитуваат и за нив се издаваат и сертификати за квалитет. Поради ова, во сите бетонски бази лани имавме зголемено производство. Наши производи се користат во индустриските зони кај Штип, во битолската Жабени, а за изградба на германската фабрика „Дрекслермаер“ се користени специфични видови бетон - објаснува Kрстевска и додава дека е добро што градежништвото е една од гранките што ја влечат македонската економија.
Малите тешко доаѓаат до капитал
Меѓу новите компании е и онаа на 25-годишната Елена Максимовска, чие модно студио „Лимпија“ неодамна прослави една година од формирањето.
Со користење грант што го дава државата за самовработување за набавка на машини и на репроматеријал, таа за една година го оформи студиото и вработи уште едно лице, а веќе од октомври набавените машини ќе бидат во нејзина сопственост.
- Навистина е добро што државата помага за самовработување. Но мора да кажам дека е напорно и потребно е да се вложат многу работа и труд бидејќи водењето приватна компанија е тешка работа. Но самовработувањето многу често денес е единствен начин да се реши прашањето на вработувањето, особено на младите и затоа е добро што државата помага на овој начин - вели Максимовска.
Кои се успешните
Нови на списокот, меѓу другите, се: фабриката Kарпош, Македонија турист, Пелистерка, Охрид турист, Инекс-Дрим, Јака Радовиш, Технометал-Вардар, Еуроимпекс, Сковин, Еуроленд, Македонија лек, Макоил, Жикол, Симпо, Дени интернационал, Поштенска банка, Алфа банка, Централна кооперативна банка, Уни банка, Стокомак, Стопанска банка - Битола, Ремис, Kапитал банка, ГТЦ, Сител ТВ, Пуцко петрол, Сеавус, штедилницата Можности, Реплек фарм, Еуростандард банка, Гаматроникс, Винер, Еуролинк, Уника осигурување, Осигурителна полиса, Сити плаза, ТТK банка, Близу, Оилко, Универзитетот „Фон“, Европски универзитет, Златна копачка, Пера констракшн, Kемет електроникс, Kронберг и Шуберт, Џонсонс контролс - Штип, Производство на топлинска енергија...